Постигнат договор за Изборниот законик
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Владата и парламентарните политички партии постигнаа консензус во врска со измените и дополнувањата на Изборниот законик за што денеска информираше министерот за правда Блерим Беџети.
Учесниците на средбата што се одржа во Клубот на пратениците, претставници на Владата и на политичките партии, изразија задоволство од постигнатиот договор и исто така посочија дека измените ќе бидат донесени со консензус во Собранието на Република Македонија.
Според информации од претставници на партиите, измените се веќе поминати на седница на Влада, а ќе бидат ставени на дневен ред по скратена постапка на утрешната седница на Собранието на Република Македонија.
Министерот за правда Беџети изјави дека постигнат е договор за сите отворени прашања меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата, и дека пред следните парламентарни избори ќе се разгледува само поглавјето што се однесува на дијаспората.
Извор: 24Вести