Постигнат е договор: Матура на 5 јуни со два екстерни и еден интерен испит
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Владата и Сојузот на средношколци изнајдоа заедничко решение со кое секој матурант ќе може да се запише на било кој факултет во државата или надвор.
„Нужно беше државната матура да претрпи измени и да се најде заедничко решение. Се договоривме за два екстерни испити, додека за третиот екстерен испит се договоривме да се претвори во интерен испит“, рече премиерот Зоран Заев по средбата со средношколците.
Тој рече дека решението го договориле следејќи го примерот од останатите европски држави.
Матурата оваа година наместо на 29 мај, ќе започне на 5 јуни.
Извор: Макфакс