Правдико

   

Постигнат е договор, штрајкот во Железници е ставен во мирување

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на прес-конфернеција пред новинарите изјавија дека се договориле со машиновозачите да бидат разгледани нивните барања, за кои тврдат дека може да бидат исполнети, а штрајкот е ставен во мирување.

Станува збор за барањата за зголемување на додатоците на плата и на коефициентите за сложеност на работни места.

Министрите изјавија дека детално се анализира и состојбата во „Македонски железници“. Повеќе информации за состојбата на оваа државна фирма ќе споделат во јавноста по завршување на анализата. Очекуваат „Мекедонски железници“ да ги намали загубите и да работи профитабилно.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, изјави дека имаат заземено став за либерализацијата на железничкиот сообраќај, но само во делот на инфраструктурата. Министрите рекоа дека и натаму продолжуваат разговорите со претставниците на синдикатот за исполнувањето на барањата на машиновозачите.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико