Постојан пораст: Во Македонија безмалку 300.000 пензионери | Правдико

Правдико

   

Постојан пораст: Во Македонија безмалку 300.000 пензионери

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во јуни 2015 година во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување евидентирани се 297.218 пензионери, што претставува зголемување од 1,7% во однос на истиот период минатата година. Најновите податоци на Министерството за финансии објавени во извештајот за краткорочни економски движења покажуваат дека на месечно ниво, бројот на корисници на пензија е поголем за 1.088 лица.

penzija

Од вкупниот број пензионери, 60,1% се корисници на старосна пензија, 25,7% на семејна пензија и 14,2% на инвалидска пензија. Просечната пензија во јуни 2015 година изнесува 12.462 денари и е непроменета во однос на истиот месец минатата година.

„Соодносот на просечната пензија со просечната исплатена плата во мај 2015 година (последни расположливи податоци) изнесува 56,4%. Просечната старосна пензија изнесува 13.859 денари, просечната инвалидска пензија изнесува 11.205 денари, а просечната семејна пензија 9.857 денари. За исплата на пензиите во јуни 2015 година се потрошени 3.590,35 милиони денари, што претставува 52,1% од вкупните социјални трансфери“, се вели во извештајот.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико