Постапка за делба на заеднички предмет или имот | Правдико

Правдико

   

Постапка за делба на заеднички предмет или имот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

property-divisionКако една од вонпарничните постапки предвидени во Законот за вонпарнична постапка, во делот на утредување на имотните односи, регулирана е постапјата за делба на заеднички предмет или имот. Во постапката за делба на заеднички предмети или имот, судот одлучува за начинот и условите на делбата на заедничкиот предмет, односно имот. Оваа постапка се применува во случаите кога повеќе лица имаат право на сопственост врз предмет или имот како што е заедничката сопственост и сосопственоста.

Она што е карактеристично за оваа постапка е тоа што, овде се одлучува само за начинот и условите на делба, а не за големината на деловите и правото на сопственост. Доколгу делбата не е спорна и е потребно само да се формализира, тогаш постапката се  врши кај нотар во форма на нотарски акт.

За делба на заеднички предмет или имот надлежен е судот на чие подрачје се наоѓа тој предмет, односно имот.

Предлог за делба на заеднички предмет или имот може да поднесе секој од носителите на правата на заедничкиот предмет или имот и со него мораат да бидат опфатени сите носители на правото (заедничари). Предлогот содржи податоци за предметот на делбата, местото каде се наоѓа, сопствениците и другите лица кои на него имаат стварни права.Кон предлогот за делба на недвижност се приложува доказ за сопственоста и за други стварни права на недвижноста.

id-000956784Судот, постапувајќи по предлогот за делба, ако утврди дека е спорно правото на заедничкиот предмет, односно имот, големината на делот или е спорен предметот на делбата, ќе ја прекине постапката, а предлагачот ќе го упати да поведе парнична постапка во определен рок. Ако предлагачот во определениот рок не поведе парнична постапка, ќе се смета дека го повлекол предлогот.

При спроведување на делба на имот, судот ќе настојува да ги задоволи оправданите барања, учесниците да добијат определен предмет од имот.

При одлучувањето дали еден предмет ќе му припадне на еден од учесниците, судот особено ќе ги земе предвид посебните оправдани потреби на тој учесник и основаноста за тоа предметот да му припадне нему. Ако со делбата на некој учесник му припадне предмет од поголема вредност од онаа колку што изнесува неговиот дел од заедничкиот имот, судот ќе определи тој да ја исплати разликата до вредноста на деловите на другите учесници во определен рок.

Ако со делбата  на еден од учесниците му припадне недвижност, другите учесници, врз основа на решението на судот, можат да побараат запишување на заложно право на таа недвижност за висината на определената вредност со која тој е задолжен да им ја исплати.

Ако не е можно заедничкиот предмет, односно имот да се подели физички или ако со тоа значително би се намалила неговата вредност, судот може да определи предметот да припадне само на еден од носителите на правото, при што ќе го определи износот на вредноста што треба да им се исплати на другите носители на правата на заедничкиот предмет, односно имотот и времето на исплатата или предметот, односно имотот да се продаде. Продажбата ќе се изврши според одредбите на Законот за извршување.

Решението за делба содржи податоци за предметот и начинот на делбата, физичкиот дел што го добива секој учесник и правата и обврските што ги има секој од учесниците во делбата. Co решението за делба судот ќе одлучи и за начинот за остварување на службеностите и другите стварни права на деловите на предметите, кои физички се поделени меѓу заедничарите.

Против решението за делба може да изјави жалба секој учесник, како и лицата носители на правото на службеност и на други стварни права на недвижноста што е предмет на делбата. Трошоците на постапката паѓаат на товар на секој учесник сразмерно на големината на неговиот дел.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико