Построгo ќе се контролира затворската полиција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за правда предлага построги контроли на затворската полиција преку измени во Законот за извршување на санкциите, објавено е на Електронскиот национален регистар на прописи. Станува збор за воведување независни, ефикасни и навремени механизми за контрола на работата на затворската полиција.
Во образложението пишува дека повеќе извештаи на меѓународни организации, како и на национални институции и невладини организации покажале дека контролните механизми над телата за спроведување на законите не се на соодветно ниво, што е потврдено и со повеќе пресуди на ЕСЧП во Стразбур каде што е утврдена повреда на ЕКЧП. „Целта на овој предлог-закон е овозможување на највисока можна објективност на истрагите за пречекорувањата на припадниците на затворската полиција при преземање на службено дејствие или дејствие вон службата, заради обезбедување непристрасна оценка во заштита на човековиот дигнитет“, се наведува во предлогот.
В. М.
Извор: Макфакс