Потпишан Меморандум за соработка во борбата против тероризмот меѓу Македонија и Австралија | Правдико

Правдико

   

Потпишан Меморандум за соработка во борбата против тероризмот меѓу Македонија и Австралија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска во министерството за внатрешни работи на Република Македонија се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски, Директорот на Управата за безбедност и контрарузнавање Горан Николовски и делегација на Комонвелтот на Австралија предводена од Н.Е. Рут Стјуарт, нерезидентен aмбасадор на Австралија за Република Македонија, и Н.Е. Пол Фоли, aвстралиски aмбасадор за борба против тероризам.

На средбата беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Австралија за соработка во борбата против тероризмот и беше потенцирана одличната досегашна соработка помеѓу безбедносните служби на двете земји, како и намерите за интензивирање на соработката.

Препорачуваме

Партнери на Правдико