Потпишан протокол за заеднички царински процедури на железничкиот граничен премин Табановце | Правдико

Правдико

   

Потпишан протокол за заеднички царински процедури на железничкиот граничен премин Табановце

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Protokol Srbija 1На 27.06.2016 година во Белград, Србија директорите на Царинските управи на Република Македонија и Република Србија, потпишаа Протокол за спроведување на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево.

Протоколот претставува продолжение на царинската соработка на ново поле на заедничко делување во спроведувањето на граничните процедури. Истиот претставува подготовка за операционализација на Спогодбата помеѓу Владите на Република Македонија и Република Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево со која се предвидува заедничко вршење на царинските контроли на едно место од страна на двата органа истовремено, при единствено запирање на возовите за гранична контрола, со што се дава придонес кон забрзувањето на железничкиот сообраќај помеѓу двете држави, а воедно се обезбедува заштеда на средства за сите учесници во овој вид на сообраќај.

Препорачуваме

Партнери на Правдико