Потпишана Спогодба за соработка меѓу Јавното обвинителство на Република Бугарија и Јавното обвинителство на Република Македонија | Правдико

Правдико

   

Потпишана Спогодба за соработка меѓу Јавното обвинителство на Република Бугарија и Јавното обвинителство на Република Македонија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Capture-300x224Јавниот обвинител на Република Македонија г.  Марко Зврлевски ,  денес беше домаќин на својот бугарски колега г. Сотир Цацаров – Главен обвинител на Република Бугарија. Двајцата обвинители на средбата  ја истакнаа важноста на развојот на меѓусебната соработка и партнерство за прашањата од заеднички интерес, како и важноста од квалитативно унапредување и усовршување на носителите на јавнообвинителската функција .

Со цел да ги зајакнат контактите меѓу јавните обвинители на Република Македонија и Република Бугарија, како и соработката во сите области од дејноста на обвинителството, обвинителите потпишаа Спогодба за соработка меѓу Јавното обвинителство на Република Бугарија и Јавното обвинителство на Република Македонија.

Спогодбата е во согласност со легислативата на двете држави и преземените меѓународни обврски.  Соработката се однесува на борбата против организираниот криминал, корупцијата, транснационалниот организиран криминал, трговијата со луѓе, нелегалната трговија со оружје, наркотични средства и психотропни супстанции, кривични дела во сферата на високата технологија, економски и стопански криминал и други видови на криминал кои претставуваат сериозна закана за општеството и соработка за прашања поврзани со екстрадиција, трансфер на осудени лица и правна помош за кривични предмети.

Водени од желбата за зајакнување и  усовршување на јавно обвинителската работа, обвинителите се договорија и за остварување на соработка за подготовка и зголемување на квалификацијата на кадрите во јавното обвинителство, усовршување на организацијата, формите и методите на работа на јавното обвинителство и научно -истражувачка дејност за прашања од заеднички интерес преку размена на информации и искуство, размена на делегации, како и одржување на заеднички научни истражувања, семинари, експертски средби и консултации.

Препорачуваме

Партнери на Правдико