Од денеска течат роковите за собирање потписи за независни пратеници | Правдико

Правдико

   

Од денеска течат роковите за собирање потписи за независни пратеници

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

dik-2-860x680Од денеска, според роковникот на Државната изборна комисија, сите заинтересирани граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, имаат право да поднесат листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија за изборната единица број 7 пишува агенцијата МЕТА.

„Државната изборна комисија ве известува дека собирањето на потписи ќе се изврши пред овластените лица на дипломатско-конзуларните претставништва и на конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство, секој ден, почнувајќи од 25 април 2016 година до 4 мај 2016 година, во период од 8.30 до 19 часот, на пропишан образец од Државната изборна комисија (образец 2гс), кој може да се симне од веб-страницата на Државната изборна комисија www.sec.mk.“, соопштија од ДИК.

На официјална веб-страница на Државната изборна комисија објавен е образец пропишан од ДИК, на кој заинтересираните граѓани ќе собираат потписи и за кандидати за пратеници за предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Според Изборниот законик, кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот на избирачкиот список на изборната единица.

Изборниот законик го пропишува и собирањето потписи за кандидати за пратеници во дијаспората:

„Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство, потребно е да се соберат најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот од избирачкиот список за тие изборни единици пред службените лица на дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП), односно конзуларните канцеларии на образец потпишан од Државната изборна комисија“.

Рокот за собирање потписи пред ДИК, односно во подрачните  одделенија, како и во ДКП, е од 25 април до 9 мај 2016 година.

Од вчера ДИК го стави на јавен увид избирачкиот список. Граѓаните, наредните 15 дена може да проверат дали ги има на списокот електронски, на веб-страницата на ДИК или лично, во подрачните одделенија на комисијата.

Рокот за проверка е 15 дена. Увидот во избирачкиот список може да се изврши секој ден од 8.30 до 19 часот во подрачните одделенија на ДИК, додека проверката на веб-страницата на Комисијата се врши само со матичен број.

Граѓаните, всушност, вршат увид во избирачки список во кој не е внесена никаква промена, затоа што процесот на ажурирање сè уште трае. Се очекува деновиве ДИК да усвои извештај во кој ќе бидат внесени прочистени податоци.

Извор: META.mk

Партнери на Правдико