Потрагата трае два часа: Машко лице исчезна во Охридско Езеро
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Непознато машко лице исчезнало во водите на Охридско Езеро, на „Машка плажа“ во Струга.
Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, за Макфакс изјави дека немилиот настан бил пријавен во 12 часот.
Лицето скокнало од педалинка во езерото и не излегло. Во потрагата се вклучиле капачите кои биле на плажата, а набргу пристигнала и полицијата.
Засега од полицијата не откриваат повеќе детали и на која возраст е исчезнатото лиде. Повеќе информации најавија за подоцна.
Извор: Макфакс