Правдико

   

Потребен е интегриран систем за заштита од компјутерски криминал

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Високи претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија, Турција и од Косово денеска и утре во Охрид, на Конференција за сузбивање на компјутерски криминал (iProceeds), ќе договорат конкретни чекори за подобрување на финансиските истраги и за конфискација на приносите од криминалот што се извршува преку интернет.

cavkov-ohrid

Земјите од регионот и Турција ќе ги вмрежат своите капацитети во борбата против компјутерскиот криминал преку кој се перат пари и се пробиваат банкарски сметки на милиони граѓани во светот.

Со овој регионален проект ќе се зголемат капацитетите на земјите од регионот за борба против компјутерскиот криминал во рамки на протоколите за соработка и на меѓународните конвенции чиј потписник е и Македонија.

– Свесноста за овој вид криминал е на потребното ниво, а императив е поголема меѓународна соработка – истакна министерот за внатрешни работи, Митко Чавков.

Конференцијата, покрај другото, ги третира темите кои се однесуват на учеството на носителите на одлуки и на проектните тимови во активностите на проектот „iProceeds“, а ќе биде претставен нацрт-извештајот за состојбата и за мерките против компјутерскиот криминал и за откривање, заплена и конфискација на приноси од компјутерскиот криминал, како и мерки за спречување перење пари преку интернет во областите, односно земјите каде што се имплементира проектот.

– Потребен е интегриран систем кој ги опфати сите статистички податоци и истраги што се водат од областа на компјутерскиот криминал. Потребни ни се прецизни податоци, во спротивно не можеме ефикасно да се бориме против овој глобален проблем – истакна Александар Сегер од Советот на Европа.

На дводневната конфенцијата учествуваат околу 80 кривични судски претставници, експерти за компјутерски криминал и претставници од финансиските институции и на даватели на услуги.

Извор: Мета

Партнери на Правдико