Потребни биле 18 минути за да се забележи бегството на Ел Чапо | Правдико

Правдико

   

Потребни биле 18 минути за да се забележи бегството на Ел Чапо

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

438903_narko-bos-el-capo07foto-ap_fЗатворските чувари во затворот Алтиплано, каде што пред неколку дена избега Хоакин Гузман (Ел Чапо), им требало 18 минути да го забележат бегство на мексиканскиот нарко бос , соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Мексико, Мигел Анхел Осорио Чонг.

Ова е прв пат мексиканските власти да ја информираат јавноста колку време е потребно да одат во потрага по Гузман, кој втор пат успеал да избега од затвор.

Мигел Анхел Осорио Чонг соопшти дека во текот на истрагата, во која треба да се провери дали биле почитувани сите процедури од моментот кога беше констатирано дека Хоакин Гузман избегал од затвор.

Алеида Алавез вели дека никој не бил посебно одговорен за надгледување на на Гусман преку камерите. Таа додаде дека едно лице ги надгледува мониторите, кои прикажуваат слики на 20 камери. Единственото нешто што можело да се види е празната ќелија на Гузман.

Поради Гузмановото бегство во притвор се и 22 вработени кои се испитуваат со цел да се утврди дали нарко босот имал соучесници во затворот.

Гузман избега од затвор во ноќта од сабота во недела, и ова е втор пат што тој успеа да го стори тоа.

Препорачуваме

Партнери на Правдико