Потребни документи за добивање на македонска виза | Правдико

Правдико

   

Потребни документи за добивање на македонска виза

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

biometriski-dokumenti

 

 

 

 

 

 

I. за визa тип А, Б и Ц:

  1. важечка и призната патна исправа со рок на важност најмалку 3 месеци подолг од планираниот престој на странецот во РМ
  2. фотографија во боја на бела позадина која  верно го прикажува неговиот лик
  3. доказ за платена такса за обработка на барањето за издавање на виза
  4. документи за (индивидуално или колективно) патничко осигурување (полиса издадена од осигурително правно лице во државата каде престојува)
  5.  документи со кои ја докажува целта и околностите на планираниот престој во Република Македонија  (‘ гарантно писмо од физичко лице односно поканата од правно мора да бидат заверени од нотар)

Документи со кои докажува дека поседува доволно средства за издржување за време на престојот во Република Македонија и за вракање во државата од каде доаѓа или за патување во трета држава, или документи со кои докажува дека тие средства му се обезбедени на друг законски начин (да поседува парични средства во готово во домашна или странска конвертибилна валута, да поседува важечко средство на безготовинско плаќање (кредитни картички, травел чекови и слично), да поседува недвижни ствари и други средства).

II.  виза тип Д ( виза за долгорочен престој ):

  1. важечка и призната патна исправа со рок на важност најмалку 3 месеци подолг од планираниот престој на странецот во РМ
  2. фотографија во боја на бела позадина која  верно го прикажува неговиот лик
  3. доказ за платена такса за обработка на барањето за издавање на виза
  4. решение од МВР за регулирање на престој во РМ

–  доколку странецот престојува во РМ по основ на вработување потребно е да се прибави Решение за издавање на дозвола за работа од Агенција за вработување на РМ и тоа: лична работна дозволадозвола за вработување и работна дозвола

– Постапката за лична работна дозвола и работна дозвола се отпочнува во надлежното ДКП на РМ во странство и за добивање на Решение за издавање на дозвола за работа се потребни следните документи:

а. Лична работна дозвола

–   *  пополнет Образец  РД-1/3,

–       документ со кој се докажува идентитетот на странецот,

–       доказ за регистрација во Централниот регистар на РМ за евидентираност како правен субјект,

–       деловен план,

–       тековна состојба на фирмата не постара од шест месеци,

–       пополнето Барање за издавање/продолжување на дозвола за привремен престој во РМ,

–       доказ за здравствено осигурување (и задолжителен превод, на оригиналот, на Македонски јазик од овластен судски преведувач) и

–       доказ за неосудуваност издаден од матичната земја на странецот (и задолжителен превод, на оригиналот, на Македонски јазик од овластен судски преведувач).

б. Дозвола за работа

– *пополнет Образец РД – 3/1,

– документ со кој се докажува идентитетот на странецот

– договор за вршење на услуги за нарачателот, кој има регистрираност дејност во РМ ( задолжителен превод, на оригиналот, на Македонски јазик од овластен судски преведувач),

– термински план за извршување на работата,

– доказ за соодветна регистрација на двете договорни страни,

– изјава, дека на подносителот во последната година пред поднесувањето на барањето не му била изречена казна за прекршок според ЗВРС,

– список на преместени работници на пропишани обрасци,

-пополнето Барање за издавање/продолжување на дозвола за привремен престој во РМ,

– доказ за здравствено осигурување (и задолжителен превод, на оригиналот, на Македонски јазик од овластен судски преведувач)

– доказ за неосудуваност издаден од матичната земја на странецот (и задолжителен превод, на оригиналот, на Македонски јазик од овластен судски преведувач).

Постапката за дозвола за вработување се отпочнува во Агенцијата за вработување на Република Македонија и за добивање на Решение за издавање на дозвола за вработување се потребни следните документи:

– * пополнет Образец РД – 2/1

– доказ за регистрација односно упис во Централниот регистар на Република Македонија,

– писмено известување на подрачната служба на Агенцијата за вработување, кое при приложувањето не смее да биде постаро од 30 дена,

– образложение за потребите за вработување на странец,

– изјава на работодавачот дека во последните три години пред поднесувањето на барањето не му била изречена казна за прекршок според ЗВРС,

– доказ за позитивно работење за изминатата година (бонитет) издаден од Централен регистар на РМ,

– потврда од Управа за јавни приходи, за измирени даночни обрвски,

– потпишан договор за вработување во четири примероци помеѓу работодавачот и странката,

– потврдена пријава за потреба од работник,

-пополнето Барање за издавање/продолжување на дозвола за привремен престој во РМ,

– доказ за здравствено осигурување (и задолжителен превод, на оригиналот, на Македонски јазик од овластен судски преведувач)

-доказ за неосудуваност издаден од матичната земја на странецот (и задолжителен превод, на оригиналот, на Македонски јазик од овластен судски преведувач)

– документ со кој се докажува идентитетот на странецот,

– доказ за соодветно образование или стручна оспособеност (и задолжителен превод, на оригиналот, на Македонски јазик од овластен судски преведувач)  ,

– документ од надлежен орган на РМ за исполнување на посебните услови пропишани со закон,

– доказ за познавање на македонски јазик во случаите кога тоа го бара потребата на работата.

Препорачуваме

Партнери на Правдико