Потребни се пола милијарда долари за борба против Исламската држава
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.ОН денес упати апел да се соберат половина милијарда долари за меѓународната помош за решавање на хуманитарната криза во Ирак, која се влошува со конфликтот со милитантите од “Исламска држава”.
Координаторот на ОН за хуманитарни акциии Лизе Гранде објави апел во Брисел, и истакна дека ОН ќе бидат принудени да ги намалат или прекинат повеќе од половина од своите операции во Ирак без итна финансиска инјекција.
Светската организација вели дека се потребни 497 милиони долари за засолниште, храна и вода во текот на следните шест месеци за 5,6 милиони луѓе раселени или погодени од насилство меѓу ирачките сили и “Исламска држава”.
“Кризата во Ирак е еден од најкомплексните и најнасилните во светот”, рече Грендел.
Таа истакна дека намалувањето на обемот на хуманитарните операции поради недостаток на пари имаше катастрофални последици.
Од почетокот на минатата година во Ирак се раселени три милиони луѓе, и предизвика нова офанзива на исламисти во западниот дел на земјатакоја од своите домови остави десетици илјади луѓе.