Потребни услови за издавање сертификат за туристички водич
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Туристички водич е лице кое на домашните и странските посетители во Република Македонија им ги презентира природните и антропогените туристички атрактивности, историјата на земјата и културно-историските споменици, уметнички дела, етнографски и други атрактивности, историски настани, легенди и личности за тие настани, општественото уредување на земјата и има комуникативни способности општи познавања од туризмот и психологијата на туризмот и го познавајазикот кој го користат странските туристи.
За туристички водич не се смета стручен работник кој ја врши дејноста водич на своето работно место кај правни лица во деловниот објект во кој работи (музеј, галерија, национален парк и слично), стручен работник на туристичката агенција кој придружува група туристи од место во место, водич во пештера, водич на лов и риболов, како и водител или придружник на екскурзии и излети.
Водичите во планина кои водат туристички групи треба да имаат сертификат издаден од асоцијација која во Република Македонија е акредитирана за издавање на сертификат за интернационални водичи во планина.
Услови
За давање услуга на туристички водич, туристичкиот водич мора да ги исполнува следниве услови:
1) да е државјанин на Република Македонија и
2) да има живеалиште на територијата на Република Македонија.
Туристичкиот водич мора да има најмалку средна стручна подготовка и положен стручен испит за туристички водич.
Стручен испит за туристички водич се полага пред испитна комисија. Испитната комисија за полагање стручен испит за туристички водич, ја формира високообразовната установа за туризам и угостителство и се полага според утврдена програма.
Програмата за полагање стручен испит за туристички водич ја донесува високообразовна институција за туризам и угостителство по претходна согласност на органот на државната управа надлежен за работите од областа на образованието и науката, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина и просторното планирање и органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на културата.
Програмата се објавува во „Службен весник на Република Македонија”.
Трошоците за полагање на стручен испит за туристички водич ги намирува кандидатот и се уплаќаат на сметка на високообразовната установа за туризам и угостителство. Висината на трошоците во зависност од фактичките трошоци за полагање на стручниот испит, ја определува високообразовната установа за туризам и угостителство.
На кандидатот кој го положил стручниот испит, високообразовната институција му издава уверение се запишуваат во регистар на туристички водичи.
Обврски на туристичкиот водич
Туристичкиот водич при давањето на услуга мора на видно место да ја носи легитимацијата на туристички водич со која се потврдува неговото својство. Својството на туристички водич се докажува со посебна легитимација. Легитимацијата ја издава овластено правно лице во рок од осум дена од денот на поднесување на барањето.
Легитимацијата на туристичкиот водич се ограничува на десет години со право да поднесе барање за добивање на нова.
Легитимацијата за работа на туристичкиот водич престанува да важи:
– на барање на труристичкиот водич или туристичкиот придружник или
– со одземање на легитимацијата за туристички водичи или туристички придружник, атоа во сличаи кога легитимацијата е заснована на невистинити податоци, или фалсификувани документи или туристичкиот водич не дава услуги совесно и стручно согласно закон.
Глобите се движат и до 400 евра доколку водичиот нема положено соодветен стручен испит.
–ПРАВДИКО–