Правдико

   

Потребни услови за добивање дозвола за колекционерско оружје

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

75DECAB6C543AA43A875B21E7A6DDBDAСпоред Законот за оружје под поимот колекционерско оружје се подразбира оригинално оружје од Б и Ц категорија, кое е конструирано во период од 1898 до 1945 година и потекнува од значајни историски настани.

За оружја под Б категорија се мисли на полуавтоматско или репетирачко кусо огнено оружје; еднострелно кусо огнено оружје, со централно палење; еднострелно кусо огнено оружје, со рабно палење со вкупна должина помала од 28 см; полуавтоматско долго огнено оружје, со магацин и лежиште на куршуми кои можат да примат повеќе од три куршума;  полуавтоматско долго огнено оружје, со магацин и лежиште на куршуми, кои можат да примат до три куршуми и чиј полнач се менува, односно ова оружје може да се преправи, со помош на вообичаен алат, по што магацинот и лежиштето на куршумите можат да примат повеќе од три куршуми; репетирачко и полуавтоматско долго огнено оружје, со нежлебена цевка со должина до 60 см и полуавтоматско долго огнено оружје, за цивилна намена, што наликува на автоматското огнено оружје.

За оружја под Ц категорија се мисли на репетирачко долго огнено оружје, што не е опфатено со точката 6 од категоријата Б;  еднострелно долго огнено оружје со жлебена цевка;  полуавтоматско долго огнено оружје;  еднострелно кусо огнено оружје со рабно палење со вкупна должина поголема или еднаква на 28 см;  еднострелно долго огнено оружје со нежлебени цевки; адаптери; пневматско оружје со кинетичка енергија од 10,5 Ј или повеќе или со брзина на проектил 200 м/с или поголема и калибар поголем од 4.5 мм;  оружје за светлосно-звучна сигнализација и оружје со тетива со јачина на натегнување на тетивата над 45 килограми.

Постапка за добивање дозвола

Одобрение за набавување на колекционерско оружје на физичко лице се издава врз основа на претходно поднесено писмено лично барање за издавање одобрение за набавување на колекционерско оружје, ако физичкото лице ги исполнува условите  и достави потврда издадена од страна на Националната установа Музеј на Македонија-Скопје.

Условите кои треба да ги исполнува физичкото лице се следни:

1) има наполнето 18 години живот;
2) не му е одземена или ограничена деловната способност;
3) здравствено е способно да поседува и носи оружје;
4) не претставува опасност за јавниот ред;
5) има оправдана причина за набавување на оружје( колекционер);
6) располага со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје и
7) има живеалиште на територијата на Република Македонија со важечка лична карта, а доколку е странец да има одобрен постојан престој на територијата на Република Македонија, со важечка лична карта за странец, освен ако со ратификуван меѓународен договор поинаку не е определено.
8) да обезбеди просторија која ќе биде технички безбедна, сеф и слично каде што ќе може да го чува колекционерското оружје.

Ако збирката на колекционерското оружје е составена од над 25 парчиња на оружје, кон барањето , физичкото лице (колекционерот) е должен да приложи и писмена согласност за вршење на надзор од страна на надлежниот орган, над начинот на сместување и чување на оружјето.

Физичкото лице (колекционерот) на кое му е издадено одобрение за набавување на колекционерско оружје, е должно во рок од осум дена од денот на извршената набавка на оружјето да поднесе барање за регистрирање на оружјето и издавање на дозвола за колекционерско оружје до надлежниот орган. Дозволата  се издава со рок на важење од десет години. По издавање на дозволата , одобрение за набавување на друго колекционерско оружје се издава доколку оружјето не претставува опасност за јавниот ред.

F2 Dwm 08 1918Обврски на колекционерот

Колекционерот не смее да го  носи и употребува колекционерското оружје надвор од местото на живеалиште или престојувалиште, односно надвор од местото на одобрен постојан престој.  Единствено колекционерското оружје може да се пренесува надвор од местото на живеалиште или престојувалиште, односно надвор од местото на одобрен престој, само заради поправање, изложување или продажба на колекционерското оружје. Строго забрането  е да се набавува, поседува и произведува муниција за колекционерското оружје.

Колекционерите кои набавуваат или поседуваат колекционерско оружје, се должни оружјето да го чуваат во заклучен орман или сеф или во посебна просторија која е технички обезбедена.

Во случај на исчезнување, губење или кражба на  одобрението за набавување на колекционерско оружје или  дозволата за колекционерско оружје, колекционерот е должен  во рок од осум дена тоа да го пријави до надлежниот орган каде што е регистрирано оружјето или до најблиската полициска станица и да поднесат барање за издавање на дупликат на тие исправи.

Во случај на  промена на живеалиштето или престојувалиштето, на имателот на  дозволата за колекционерско оружје  е должен во рок од 30 дена да го пријави оружјето на надлежниот орган на чие подрачје е новото живеалиште или престојувалиште, односно седиште.

Престанок на дозволата за колекционерското оружје

Дозволата за  за колекционерско оружје  ќе се поништи во случај кога:

1) ќе истекне важноста на дозволата, а истата не е продолжена;
2) донесено е конечно решение за одземање на дозволата за колекционерско оружје;
3) одобрението за постојан престој на странец на територијата на Република Македонија престанало согласно со прописите за движење и престој на странците;
4) ќе настапи смрт на имателот на дозволата и
5) оружјето е украдено, односно исчезнато или продадено

Во случај кога  дозволата за колекционерско оружје односно  ќе биде одземена, ново барање за издавање на одобрение за набавување на оружје, односно ново барање за издавање на одобрение за набавување на колекционерско оружје може да се поднесе по истекот на пет години од денот на донесувањето на конечното решение.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико