Потрошени средства за изборната кампања за претседател | Правдико

Правдико

   

Потрошени средства за изборната кампања за претседател

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државниот завод за ревизија ги објави финансиските извештаи за приходите и расходите на изборната кампања на кандидатите за претседате на Република Македонија (отворање до 10-ти ден од изборната кампања).

Според член 84-б од изборниот законик, извештаите се поднесуваат до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата, кои се должни да ги објават на своите веб страници.

pretsedatelski-kandidati

Според овие извештаи, на жиро-сметката на кандидатот за претседател од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претседател, Ѓорѓе Иванов, вкупните приходи изнесуваат 14.306.396,00 денари и сите се по основ на донации. За изборната кампања донирале 525 лица. Вкупните расходи изнесуваат 31.149.203,00 денари, односно 16.842.807,00 денари плус од пријавените расходи. Најголем дел од расходите од донации, како што стои во извештајот, се потрошени за реклама и пропаганда, и дел за комуникациски услуги, превозни-транспортни услуги, услуги за копирање печатење и издавање, изнајмување на простор и опрема. Извештајот можете да го најдете тука.

 На жиро-сметката на кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, префрлени се вкупно 113.650,00 денари – приходи по основ на донации, и 6.015.561,00 денариостанати приходи (како што е наведено во извештајот). Вкупните расходи од донациите изнесуваат 113.650,00 денари, а се потрошени целосно за реклама и пропаганда. Вкупните расходи од останатите приходи, изнесуваат 5.550.140,00 денари, од кој најголем дел е потрошен за реклама и пропаганда и за изнајмување на простор и опрема. На жиро-сметката се останати 465.421,00 денари. Извештајот може да го најдете тука.

Кандидатот за претседател на политичката партија ГРОМ, проф. Д-р Зоран Поповски, на жиро-сметката за претседателската кампања, пријавени се приходи од 500.000,00 денари и сите се по основ на донации. Вкупните расходи изнесуваат 500.000,00 денари, и целосно се потрошени за реклама и пропаганда. Разликата помеѓу приходите и расходите изнесува точно 0 денари. Извештајот може да го најдете тука.

Според податоците, во финансискиот извештај за изборната кампања на кандидатот од ДПА Илаз Халими, стои дека нема никакви приходи ниту расходи. Извештајот можете да го најдете тука.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико