Правдико

   

Потсетување на патниците за нивните права и обврски при пренос на пари од царински аспект

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

kampanja prijavete pari 3Царинската управа ја реактивира кампањата за информирање на патниците кои влегуваат, излегуваат или транзитираат низ Република Македонија за нивните права и обврски поврзани со внесувањето/изнесувањето на пари, која ја започнавме во август минатата година.

Во рамки на кампањата изработени се брошури на македонски, англиски, албански и турски јазик со информации за патниците кои се делат на сите гранични премини за важечката царинска регулатива поврзана со пријавување пари и информативен видеоклип кој се емитува на екраните на Аеродромите Александар Велики и Св. Апостол Павле во делот за чекирање каде патниците поминуваат пред да излезат од државата и во делот на зоната за пристигнување на мониторите кај лентите за багаж каде патниците го чекаат својот багаж при влез во државата.

Изработени се и информативни табли за важечката царинска регулатива за патнички промет, односно покрај информации за дозволените износи за внесување и изнесување на пари, истите содржат и информации за дозволените количини за внесување или изнесување на тутунски и алкохолни производи, парфеми, предмети за лична употреба, лекови, миленичиња итн. Таблите изработени на македонски, албански и англиски јазик се поставени на граничните премини.

СТАТИСТИКА

Во 2014 година на граничните премини се пријавени 14,7 милиони евра, а оваа година (од 01.01 – 15.12.2015 г), пријавени се приближно 14,5 милиони евра.

Од почетокот на годинава откриени се 84 обиди за нелегално пренесување преку граница на готови пари во различни валути, во противвредност од околу 1 милион и 113 илјади евра (972.300 евра, 99.200 швајцарски франци, 37.300 американски долари, 5.400 австралиски долари, 4.950 канадски долари, 3 900 фунти и 126 000 денари).

Во 2014 година, во 80 случаи, спречено е нелегално пренесување на готови пари во противвредност од околу 1 милион евра (778.635 евра, 141.400 американски долари и 130.180 швајцарски франци)

Партнери на Правдико