Правдико

   

Потсетување за плаќање на даночните обврзници за 2016 година

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од градската самоуправа ги потсетуваат граѓаните да ги намират своите даночни обврски за претходната година. Како што велат од градот, во наредниот период тие ќе пристапат кон достава на решенија за присилна наплата, на долг за данок на имот и фирмарина од физички и правни лица.

– Се известуваат сите даночни обврзници што во наредниот период на своја адреса ќе добијат решение за присилна наплата за 2016 година, да пристапат кон плаќањето на наведениот долг во согласност со решението за присилна наплата, со што ќе се избегне непопуларната мерка за блокада на сметката во деловните банки – изјавија од градот.

Оттаму додаваат дека оние што веќе го платиле долгот треба да се обратат на шалтерите во градот, барака 16, со доказ за уплатениот долг за изминатата година.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико