Потврден куќниот притвор за поранешниот албански министер осомничен за шверц на дрога
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судот за тешки кривични дела во Тирана денеска ја потврди мерката куќен притвор за поранешниот албански министер за внатрешни работи, Саимир Тахири.
Судот не го прифати барањето на одбраната на Tахири тој да се брани од слобода бидејќи, како што соопшти преставник на судот, постои опасност Тахири да влијае врз одредени лица што се битни за истрагата за неговата вмешаност во групата за шверц со дрога.
Тахири според истиот извор ги отфрлил обвинувањата на Јавното обвинителство дека тој е поврзан со најголемата група за шверц со дрога, семејството Хабилај. Обвинителството потврдило дека постојат силни аргументи оти ексминистерот во владата на Еди Рама е вмешан во голем шверц со дрога, при што за одредени зделки бил користен и неговиот службен автомобил.
Семејството Хабилај е обвинето дека ја има организирано најголемата шверцверска група во Албанија, која пренесувала дрога не само во земјата туку и кон Италија и Грција, нагласуваат албанските медиуми повикувајќи се на извори на Обвинителството.
Саимир Тахири деновиве го вратил и мандатот како пратеник од Социјалистичката партија во Собранието, така што сега е без имунитет.
К. М.
Извор: Макфакс