Правдико

   

Потврдена средбата на Пендаровски со Макрон

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Потврдена е средбата на претседателот Стево Пендаровски со францускиот претседател Емануел Макрон, информираат од Кабинетот на Претседателот. Средбата треба да се одржи на 12 ноември, кога Пендаровски ќе учествува на Парискиот мировен форум.

Претседателот Пендаровски вчера рече дека се прават обиди да се случи средна со што е можно повисоко ниво во Франција за да се види што точна бараат од земјава и да се надмине, како што рече, крајно непријатната ситуација.

Претседателот Стево Пендаровски ќе престојува во Франција од 11 до 13 ноември, а ќе има и обраќање на форумот на 12 ноември. На форумот се очекува присуство на повеќе од 30 шефови на држави и влади.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико