Потврдени 26 нови случаи на Ковид 19 – вкупно во земјата | Правдико

Правдико

   

Потврдени 26 нови случаи на Ковид 19 – вкупно во земјата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Потврдени 26 нови случаи на Ковид 19 – вкупно во земјата 854 дијагностицирани пациенти.
На Инфективната клиника починаа 4 пациенти – оздравени 3 пациенти кои се лекуваа во домашни услови
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).

Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

– Скопје – 316
– Куманово – 211
– Дебар – 49
– Штип-27
– Прилеп –75
– Тетово – 37
– Струга – 43
– Велес – 32
– Битола –9
– Охрид –4
– Кавадарци – 3
– Гостивар –8
– Гевглелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка-3
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 22
– Пробиштип – 2
Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку ИЈЗ – 317, преку Ветеринарен ф-тет -13, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71.

Досега во земјата се направени вкупно 8.552 тестирања на Ковид -19.

Препорачуваме

Партнери на Правдико