Потврдени притворите за Пешев и за Доцевска-Божиновска
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Апелациониот суд Скопје ги потврди притворите и за вработената во собраниската служба Елена Доцевска-Божиновска и за поранешниот началник од МВР, Митко Пешев, обвинети за настаните во Собранието на 27 април годинава.
Пешев и Доцевска-Божиновска прво добија куќен притвор, што Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 им го замени со 30-дневен притвор во затворот во Шуто Оризари. Поради тоа поднесоа жалби до скопска Апелација.
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје, вчера донесе решение со кое ги одби жалбите за определување притвор за пратениците Љупчо Димовски и Сашо Василевски и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка.
Василевски е во притвор во Шутка, а Димовски во куќен притвор, откако Собранието им го одзеде имунитетот.
Извор: Нова Македонија