Правдико

   

Потврдени затворските казни за нападот на Села

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопска апелација им ги потврди затворските казни на осудените за нападот на Зијадин Села во Собранието. Tие по добивањето на пресудата треба да добијат упатен акт за да одат во затвор од судија за извршување санкции.

Судијката од Основниот суд Скопје 1, Славица Андреевска, минатата година обвинетите ги огласи за виновни, бидејќи со умисла се обиделе го убијат пратеникот Зијадин Села.

Според пресудата, најголема казна од 13,6 години доби Никола Војминовски, а Кире Георгиевски и Александар Јаневски-Тошта добија по 13 години затвор. По десет години и шест месеци затворски казни добија Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.

Никола Војминовски, кој се наоѓаше во куќен притвор до правосилноста на пресудата, избега и сè уште е недостапен за органите на прогоот.

За обидот за убиство на Села првично беа обвинети 10 луѓе, но Сашо Сенков беше ослободен од обвинение, а обвинението за Стојан Павлевски и Цејо Ѓорѓиевски беше преиначено во насилство, па по признавањето вина, беа осудени на три, односно една година и два месеца затвор.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико