Поведена постапка против едно лице за неовластено држење амфетамини | Правдико

Правдико

   

Поведена постапка против едно лице за неовластено држење амфетамини

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното  јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При вршење  контрола  и личен претрес, полицијата на 3 јули, во возило „Рено Меган“ во кое биле повеќе лица, пронашла една полиетиленска паковка со супстанца амфетамин во вкупна нето маса од 41,59 грама. Откако возилото било запрено, осомничениот кој седел позади совозачкото место и се превезувал како сопатник, се обидел да ја истури супстанцата но во тоа не успеал.

Во насока на расчистување на настанот, извршен е претрес во станот во Скопје во кој привремено престојувал осомничениот, 20-годишен жител на Пробиштип. При тоа, пронајдени се 39 таблети метилен -диоксиметамфетамин, дигитална вага со остатоци од наркотична дрога – марихуана и прашкаста материја која претставува психотропна супстанца – амфетамин, а кои осомничениот ги држел неовластено заради продажба.

Јавниот обвинител ценеше  дека постојат околности кои го оправдуваат стравот од бегство на осомниченото лице, околности за попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоци, како и дека лицето ќе го повтори кривичното дело, па оттука до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог  на осомничениот да му се  определи  мерка притвор.

Препорачуваме

Партнери на Правдико