Поведена постапка против три лица вработени во Здравствен дом Охрид | Правдико

Правдико

   

Поведена постапка против три лица вработени во Здравствен дом Охрид

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

javno-obvinitelstvo-skopjeОсновното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за сторено продолжено кривично дело – Проневера во службата.  По пријава од Финансиската полиција, надлежниот обвинител утврди постоење на основано сомнение, па започна истражна постапка против осомничените.

Осомничените во периодот од 2010 до 2014 година подигале готови средства уплатени на име на партиципација од страна на пациентите. Со тоа, го оштетиле Буџетот на ЈЗУ Здравствен дом Охрид  за 7.565.302 денари.

Сметајќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител до судија на предходна постапка од Основниот суд Охрид поднесе и предлог за определување на мерката Притвор за двајца од осомничените, а за еден од осомничените мерка куќен притвор.

Извор: Јавно обвинителство на РМ

Препорачуваме

Партнери на Правдико