Поведена постапка за предизвикан пожар во обложувалница во Прилеп | Правдико

Правдико

   

Поведена постапка за предизвикан пожар во обложувалница во Прилеп

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за  спроведување на истражна постапка против прилепчанец на возраст од 26 години, за коj постои основано сомнение дека го сторил  кривичното дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 31.08.2020 година околу 01,00 часот, со пожар предизвикал поголема имотна штета во висина од 1.000.000 денари во обложувалница  во Прилеп. Тој купил 1,5 литar бензин од бензиска станица, ставајќи го во  во пластично шише , па се упатил кон обложувалницата каде што пристигнал околу 01,00 часот, се доближил  на растојание од 3-4 метри, пронашол два поголеми камења и со истите скршил едно од стаклата покрај влезната врата. Осомничениот влегол во внатрешноста на обложувалницата и започнал бензинот  да го истура во внатрешноста, најнапред околу шанкот и просторот каде што седеле вработените, а потоа во останатиот дел од обложувалницата. Додека  бил во внатрешноста, со кибритот кој што го носел со себе, го запалил бензинот и предизвикал пожар.  Откако го извршил кривичното дело, осомничениот со такси возило  отишол во полициска станица во Прилеп и го пријавил настанот.

Надлежен јавен обвинител до Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот, кој предлог беше пригфатен од Судот и со решение му е определен притвор во траење од 30 дена.

Партнери на Правдико