Поведена постапка за смртта на 19 годишното момче на Бит Пазар | Правдико

Правдико

   

Поведена постапка за смртта на 19 годишното момче на Бит Пазар

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

policiska-lenta-02-3-_16Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице кое се гони за сторено кривично дело  Тешка телесна повреда (со смртна последица) од член 131 став 4 од Кривичниот законик. Надлежен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и достави предлог до Основниот суд Скопје 1 – Скопје за определување мерка притвор за осомничениот. Судот со Решение го прифати предлогот и определи триесетдневен притвор за осомниченото лице.

Во насока на расветлување на настанот, обвинителството нареди собирање на траги од лице место, вршење на потребни вештачења, како и обдукција на телото на починатото момче.

Настанот се случил откако по средба меѓу две групи и настаната вербална расправија, две осомничени лица извадиле остар предмет со кој три пати го повредиле сега починатото лице во пределот на градниот кош и стомакот. Осомничените лица, од кои едно во моментов е недостапно на органите на прогонот, повредиле уште едно лице кое по медицинска интервенција е пуштено на домашно лекување.

Партнери на Правдико