Поведена постапка заради две тешки кражби | Правдико

Правдико

   

Поведена постапка заради две тешки кражби

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица поради основано сомнение дека двајцата како соизвршители сториле две  тешки кражби.

По претходен меѓусебен договор, на 1 јуни 2021 година, додека соизвршителот пред влезот на зградата внимавал да не наиде некој, осомничениот влегол во стан на оштетените. Додека во станот спиеле оштетените – мајка и ќерка, украл две женски чанти, паричници и документи. Притоа, една од оштетените се разбудила и го забележала осомничениот кој веднаш го напуштил станот. На сличен начин, била извршена тешка кражба и на 5 јуни 2021 година. Додека соизвршителот внимавал, осомничениот се прекачил преку балкон во станот на оштетените, влегол и украл ташна во која имало паричник и други предмети.

Со дејствијата кои ги презел, осомничениот сторил две кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител во насока за натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, за овој осомничен  до Судот поднесе Барање за определување на мерката притвор.​

Препорачуваме

Партнери на Правдико