Поведени постапки за прекршување на полицискиот час во Скопје | Правдико

Правдико

   

Поведени постапки за прекршување на полицискиот час во Скопје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица заради непочитување на полицискиот час.

Лицата биле затекнати надвор од своите домови, на различни локации во градот, за време на важечката забрана за движење од 22 до 05 часот, воспоставена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. На овој начин тие го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител за сите обвинети предложи парична казна од по 100 дневни глоби со поединечна вредноста на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.

Препорачуваме

Партнери на Правдико