Повеќе од 1.000 граѓани на Русија се приклучија во ИСИЛ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Повеќе од 1.000 граѓани на Русија се приклучија во екстремистичка организација исламска држава, и тие може да претставуваат закана за безбедноста кога ќе се вратат во земјата, изјави вчера секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев .
Патрушев за весникот “Комерсант” изјави дека членовите на ИД може да направат “ќелија” на организацијата во Русија и да организираат терористички напади по наредби на претпоставените.
Според него, агенти на ИД, во Русија и поранешните советски земји од Централна Азија ги регрутираат младите луѓе и припадниците на малцинските етнички заедници.
Во еден неодамнешен случај, еден 19-годишен студент на престижен Државнен универзитет во Москва бил задржан на турската граница, под сомневање дека сака да оди во Сирија за да се бори на страната на исламската држава.