Повеќе од 120 припадници на ИД се вратиле во Косово, а во Македонија околу 70 | Правдико

Правдико

   

Повеќе од 120 припадници на ИД се вратиле во Косово, а во Македонија околу 70

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ПРИШТИНА – Во Косово во моментов има околу 120 лица, повратници од т.н. Исламска Држава, изјави портпаролот на косовската полиција, Баки Келани.

islamska-drzava

Тоа се луѓе кои од 2011 година учествувале во борбите на ИД во Сирија и Ирак.

Извори велат дека институциите, вклучувајќи ја и косовската полиција, косовската агенција за разузнавање и други релевантни механизми, детално ги следат активностите на лица од Косово, кои во различни периоди биле во Сирија и Ирак, и кои се вратиле на Косово.

Во Косово, безбедноста беше подигнато на повисоко ниво по неодамнешните терористички напади во Париз, каде што беа убиени 130 луѓе.

Пред нападите во Франција, македонскиот претседател Ѓорге Иванов рече дека во Македонија се вратиле околу 70 членови на Исламската Држава.

Препорачуваме

Партнери на Правдико