Повеќе од 210 000 баратели на азил регистрирани во вториот квартал од 2015 во рамките на ЕУ | Правдико

Правдико

   

Повеќе од 210 000 баратели на азил регистрирани во вториот квартал од 2015 во рамките на ЕУ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

migranti_zheni_azilВо текот на вториот квартал од 2015 година ( од Април до Јуни 2015), 213 200 баратели на азил побарале заштита во рамките на Европската Унија, што е за 15% повеќе споредено со податоците за првиот квартал од 2015 и за 85% повеќе споредено со вториот квартал од 2014 година. Најголемиот број од барањата се поднесени во Германија  (80 900), потоа следи Унгарија (32 700), Австрија (17 400), Италија (14 900), Франција (14 700), и Шведска (14 300).

Од друга страна, кога станува збор за земјите од кои доаѓаат барателите на азил, треба да се спомене дека најголем број од нив доаѓаат од Сирија (44 000 баратели), а најмногу од нивните барања се поднесени во четири земји членки на ЕУ и тоа: Германија (16 300), Унгарија (8400), Австрија (5300) и Шведска (3900). Позади нив се наоѓаат бегалците кои доаѓаат од Авганистан со регистрирани 27 000 баратели во вториот квартал од 2015 година, а на третото место се наоѓаат барателите на азил од Албанија со регистрирани 17 700 апликации.

Меѓутоа, она што го покажуваат податоците за вториот квартал од 2015 година е дека покрај тоа што порасна бројот на баратели на азил споредено со првиот квартал од 2015 година, порасна и бројот на нерешени предмети за азил на ниво на Европска Унија поднесени во било кое време, кој во претходниот квартал изнесуваше повеќе од половина милион предмети за азил, а сега изнесува скоро 600 000 нерешени предмети за азил кои чекаат на одлука. Најголем број од нерешените предмети се наоѓаат во Германија (305 800 предмети), потоа следи Шведска (56 000), Италија (48 300), Франција (36 100), Обединетото Кралство (29 400) и Грција (29 200).

Автор: Павлинче Маркоска

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико