Повеќе од 300 загинати во Шри Ланка, Исламска држава ја презеде одговорноста | Правдико

Правдико

   

Повеќе од 300 загинати во Шри Ланка, Исламска држава ја презеде одговорноста

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите во Шри Ланка кои се случија на католички Велигден, а во кои загинаа повеќе од 300 луѓе. Исламска држава одговорноста ја презема денеска, преку објава на новинската агенција Амак, но без да даде докази дека тие стојат зад нападите. Во објавата се наведува дека целта биле државјаните од земјите на коалицијата и христијаните во Шри Ланка, а дека нападите биле извршени од борци на ИД.

Властите во Шри Ланка, пак, ја посочија локалната исламистичко екстремистичка група како виновна за нападите на хотелите и црквите во кои верниците ја следеа мисата за Велигден.

Најмалку 310 луѓе загинаа во нападите во неделата, а повеќе од 500 се повредени.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико