Повеќе од 33 илјади амандмани се однесуваат за казните | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Повеќе од 33 илјади амандмани се однесуваат за казните

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Повеќе од 33 илјади амандмани што ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според неофицијални информации, се однесуваат за казните. Партијата поднесе 35.569 амандмани за законот за употреба на јазиците, кои се доставени до Собранието.

Според членот 22 од законот за двојазичност, кој пропишува глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност, прекршок ќе им се изрече на органите што нема да ги почитуваат одредбите од овој закон. А глоба во висина од 30 отсто од одмерената глоба ќе му се изрече и на службеното лице. Според опозициската партија, овој член не е во согласност со член 8, став 1, алинеја 3 од Уставот на Република Македонија.

Амандманската расправа за законот за употреба на јазиците виси сè додека не се обезбедат технички услови за тоа. Неофицијално, проблем е преводот на амандманите, досега биле преведени помалку од 10.000, поради што ќе биде потребно време за да се преведат и другите амандмани што ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико