Повеќе од 35.000 имигранти побарале азил во Србија | Правдико

Правдико

   

Повеќе од 35.000 имигранти побарале азил во Србија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, денеска соопшти дека во првите шест месеци од годинава 35.712 имигранти, пред сè, од Сирија и од Авганистан, изразиле намера да побараат азил во Србија.

migranti1

Стефановиќ, во обраќањето пред Собранието на Србија, рече дека сè уште нема податоци колку згрижувањето на азилантите ја чини Србија.

Според податоците со кои располага министерот, досега се уапсени повеќе од 7.000 лица кои илегално се обиделе да ја минат границата, но додаде дека не се сомнева оти има и такви на кои тоа им успеало.

Стефановиќ рече дека проблемот е во тоа што меѓу имигрантите има и такви кои не доаѓаат од завојуваните подрачја, туку кои доаѓаат од економски причини. Според него, „Европа ќе мора да се справи со тоа затоа што Србија не може сама“.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико