Повеќе од 500 милиони долари годишно нелегално се изнесуваат од Македонија | Правдико

Правдико

   

Повеќе од 500 милиони долари годишно нелегално се изнесуваат од Македонија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На илегален начин, секоја година се изнесуваат во просек по 521 милион долари од Република Македонија. Ова го покажуваат податоците на меѓународната организација „Глобал фајненшал интегрити“ од Вашингтон.

Според организацијата, Македонија се наоѓа на 79. место по износот на изнесени нелегални средства во странство.

Во периодот меѓу 2003 и 2012 година, најмногу средства од Македонија се изнесени во 2011 година, односно 852 милиони долари.

Хрватска е на 49. место со 1,4 милијарди долари, Албанија е на 115. место со 128 милиони долари кои се изнесуваат нелегално од државата.

Во периодот помеѓу 2002 и 2011 година, од Босна и Херцеговина се изнесени 142 милиони долари, од Србија – 50 милијарди долари, од Хрватска – 15 милијарди, од Црна Гора – повеќе од 4 милијарди, а од Македонија – околу 5,4 милијарди долари.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико