Повеќе закони на 71. седница во Собранието
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 71. седница, на чиј дневен ред се 118 точки.
Пратениците, меѓу другото, треба да расправаат за предлозите за изменување и за дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик, на Законот за заштита на културното наследство, на Законот за експропријација и на Законот за јавните набавки.
На дневен ред се и предлог-измените на законите за технолошки индустриски развојни зони, за животната средина, за просторно и урбанистичко планирање, за здравствено осигурување, за биомедицинско потпомогнато оплодување и за служба во Армијата на Република Македонија.
Извор: Мета