Повик за јавен увид за предлог измените на Законот за заштита на децата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата се наметна пред се од неговата практична примена. Во предлог законот се дава можност згрижување и воспитание на децата да се организира во детска градинка/центар за ран детски развој во состав на правни лица за потребите на вработените како и во образовна институција за образование на стручен кадар за предучилишно воспитание, како и можноста во состав на јавна детска градинка, односно детска градинка во приватна сопственост да се формира центар за ран детски развој како објект.
Со предложените измени и дополнувања се воведува електронска апликација на барање за остварување на правото на детски додаток.
Предложените измени и дополнувања на Законот за заштита на децата содржат решенија со кои се врши доусогласување со Законот за општата управна постапка.Со предложените измени и дополнувања се утврдуваат условите кои треба да ги исполни директор на приватна установа за деца – детска градинка /центар за ран детски развој, приватна установа за деца – детско одморалиште и раководно лице во организациона единица во состав на правно лице.
Со предложените измени и дополнувања на Законот за заштита на децата се врши намалување на бројот на членовите на комисијата за лиценцирање со цел за поефикасно работење на комисијата.Со предложените измени и дополнувања на Законот за заштита на децата, а во функција на подобрување и подигнување на здравата исхрана на децата во установите за деца, се предлага пропишување на Стандарди за исхрана и оброци во установите за деца.
Се уредува постапката за основање на установи за деца во насока на олеснување при основањето на установите за деца, како и скратување на постапката при промена на седиштето/ просторните услови на установите за деца.
Се уредува начинот на претставување на прирачниците и детските списанија и изборот на истите од страна на родителите во установите за деца и доуредување на начинот на утврдување на цените на услугите и износот на надоместок на трошоците за престој во установата за деца што паѓа на товар на родителите.
Целиот текст на Предлог измените можете да ги превземете ТУКА