Правдико

   

Повик за јавна расправа по однос на предлог измените на Законот за заштита на укажувачи

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за правда организира јавна расправа за јавни консултации по однос на нацрт текст на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачи.

Јавната расправа ќе се одржи на 21.11.2017 година, од 10 часот до 12 часот, во простории на Министерството за правда (адреса: ул.„ Димитрие Чуповски“, бр. 9, Скопје).

Нацрт текстот на Предлогот е објавен за јавни консултации на следната веб-локација:

https://ener.gov.mk/default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=dA+RsDL9vuNGUwwjQ9R3oA==

Се повикуваат заинтересираните поединци и организации да учествуваат на настанот со подготвени коментари и забелешки по однос на нацрт-текстот на Предлогот, предвид целта: усогласување на Законот за заштита на укажувачи со препораките упатени од  Совет на Европа – Венецијанска комисија со нејзиното Мислење бр. 829/2015 од 15 март 2016 година.

За учество на настанот задолжителна е претходна регистрација најдоцна до 19.11.2017 година со е-порака на следната адреса за е-пошта: mpsorabotka@mjustice.gov.mk

Задолжителни податоци за регистрација:

1. Име и презиме на учесник

2. Информации за контакт (телефон, поштенска адреса или адреса за е-пошта).

3. Коментари и забелешки по однос на текстот предмет на расправа (Да, во прилог/Не/Ќе се изложат усно)

Со одржувањето на јавната расправа ќе се заокружат јавните консултации по однос на нацрт текстот на Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачи, започнати на 01.11.2017 година.

Партнери на Правдико