Повик за обука за адвокати за теми од родово базираното насилство | Правдико

Правдико

   

Повик за обука за адвокати за теми од родово базираното насилство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

advБалканската регионална мрежа за владеење на правото (БРРЛН) – www.brrln.org, финансирана од УСАИД имплементирана од страна на  Американската адвокатска комора – иницијатива за владеење на правото, Фондацијата партнерство за транспарентност – www.ptfund.org  заедно со Адвокатската комора на РМ , и Hogan Lovells – www.hoganlovells.com – меѓународна адвокатска фирма која е посветена на про-боно работа и ги поддржува женските иницијативи, ќе организираат тридневен тренинг во Охрид од 4-6 јуни за прашања поврзани со родово базираното насилство и ефективно застапување на жртвите на истото.

Целта на тренингот ќе бидат адвокати од Македонија, кои имаат интерес да се специјализираат за да застапуваат жртви од родово-базираното насилство и да се здобијат со знаење од меѓународните стандарди  по овие прашања. Обуката ќе биде спроведена од тројца адвокати од Hogan Lovells.

Тренингот ќе ги покрие следните области:

  1. Родово-базирано насилство и применливите домашни закони
  2. Интернационални стандарди
  3. Правни лекови во граѓанска постапка
  4. Изработка на случај во граѓанска постапка
  5. Правни лекови во кривична постапка
  6. Изработка на случај во кривична постапка
  7. Практична примена на интернационалните стандарди

За повеќе информации за тренингот ве молиме видете го прикачениот документ.

Сакаме да ги охрабриме адвокатите од сите региони на земјата да аплицираат и да се здобијат со шанса да учествуваат во овој тренинг. Адвокатите кои ќе бидат избрани да учествуваат ќе бидат охрабрени да застапуваат случаи про-боно кога се работи за родово-базираното насилство, а листата на учесници ќе бидат доставенa до адвокатската комора за понатамошна дистрибуција и користење за вакви случаи.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават на е-маил:lawyermk@mba.org.mk најдоцна до 16 мај (понеделник), со праќање на кратка биографија и мотивационо писмо. Бројот на учесници е ограничен на 15.

Доколку имате прашања поврзани со обуката, ве молиме контактирајте ја Американската адвокатска комора – иницијатива за владеење на правото, на следната електронска адреса:intern@abaroli.mk или на телефонскиот број +389 2 3110081.

Препорачуваме

Партнери на Правдико