Повик за подготовка на анализа за лица со интелектуална попреченост | Правдико

Правдико

   

Повик за подготовка на анализа за лица со интелектуална попреченост

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

rsz_fetac-intellectual-disability-studiesХелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот “Поддршка на граѓанското општество во креирање политики за социјална кохезија и различности” објавува повик за изработка на анализа заснована на истражувачки прикази и документи за јавни политики, со препораки што ќе ја унапредат грижата за лицата со интелектуална попреченост.

Цел на проектот е да се поддржи развој на политики и пракаса за социјална кохезија на ранливите групи и да се подобри пристапот до правда на ранливите групи. Проектот ќе обезбеди факти и докази за состојбата со одредени ранливи групи и ќе придонесе кон покренување на јавната свест за пристапот до услуги за овие  групи, придонесувајќи на тој начин кон подобрување на нивната социјална и правна заштита. Исто така, проектот ќе обезбеди правна помош за жртвите на дискриминација со цел да се подобри пристапот до правда на ранливите групи.

Области кои треба да бидат опфатени со анализата на јавните политики

Анализата треба да претставува холистички, сеопфатен и систематичен осврт на регулативата и праксата, што ќе обезбеди податоци и докази од кои ќе произлезат конкретни препораки за подобрување на јавните политики на лицата со интелектуална попреченост и комбинирани пречки во развојот во следните области:

Област: Образование

• Анализа на националната и избрана меѓународната правна регулатива и нивната комплементарност

• Пристап на лицата со интелектуална попреченост и комбинирани пречки во развојот до образовните институции и системот на образование

Област: Социјална заштита

• Анализа на националната и меѓународната правна регулатива во областа на социјалната заштита и пристапот до вработување

• Мапирање и анализа на работата на социјални услови за згрижување и рехабилитација на лица со интелектуална попреченост и комбинирани пречки во развојот

• Пристап на лицата со интелектуална попреченост и комбинирани пречки во развојот до институциите во системот на социјална заштита

Област: Здравствена заштита

• Анализа на националната и меѓународната правна регулатива во областа на здравствената заштита на лицата со интелектуална попреченост и комбинирани пречки во развојот и нивната комплементарност

• Пристап на лицата со интелектуална попреченост и комбинирани пречки во развојот до здравствените институции

Анализата треба да даде податоци и докази од кои ќе произлезат конкретни препораки за подобрување на јавните политики за лицата со интелектуална попреченост и во однос на нивниот квалитет на живот – пристап кон услугите, јавен транспорт, културен живот, семејство.

Една од алатките кои се користат за собирање на податоци се и интервјуа и фокус групи со лица и родители на лица со интелектуална попреченост и комбинирани пречки во развојот, граѓански организации кои работат со лица со интелектуална попреченост и државни институции.

Јавни дебати/конференции

Истражувачите ќе имаат обврска наодите од истражувањето и документите за јавните политики поддржани со докази да ги презентираат на јавни дебати/конференции организирани од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Насоки за формирање на тимовите

Право да учествуваат на овој повик имаат тимови на организации и/или индивидуалци, кои мора да бидат составени од 4 членови – 1 главен експерт и 3 истражувачи.

Кандидатите за позицијата главен експерт треба да ги исполнуваат следниве критериуми: 

– Завршено високо образование.

– Работно искуство во областа на недискриминација, маргинализирани групи, лица со интелектуална попреченост, социјална инклузија и кохезија.

– Познавање на меѓународните стандарди за недискриминација, маргинализирани групи, лица со интелектуална попреченост, социјална инклузија и кохезија.

– Работно искуство од најмалку 5 години во подготовка на методологии за истражувања/анализи.

– Работно искуство од најмалку 5 години во спроведување на истражувања/анализи.

Работни задачи: 

– Изработка на методологија за истражувањето/анализата.

– Изработка на прашалници за фокус групите.

– Спроведување на фокус групите.

– Одржување на состаноци со државни институции.

– Обработка на податоци.

– Истражување на домашната и меѓународната правна регулатива.

– Подготовка на истражувањето/анализата.

– Презентација на истражувањето/анализата на јавни дебати.

– Комуникација со истражувачите и државните институции.

– Комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Кандидатите за позицијата истржувач треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

– Завршено високо образование.

– Учество во изработка на анализи.

– Искуство во спроведување на фокус групи.

– Искуство во изготвување на студии на случаи за ранливи и маргинализирани групи.

Како предност ќе се смета работно искуство во областа на недискриминацијата, маргинализирани групи, лица со интелектуална попреченост, социјална инклузија и кохезија и директен контакт со лица со интелектуална попреченост.

Работни задачи:

– Подготовка на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

– Спроведување интервјуа на лица од ранливи групи (лица со интелектуална попреченост).

– Спроведување интервјуа на граѓански организации кои директно работат со лица со интелектуална попреченост.

– Организирање и спроведување фокус групи.

– Собирање на податоците од фокус групите и интервјуата.

– Комуникација со главниот експерт кој ќе го подготвува истражувањето/анализата.

– Подготовка на студии на случаи.

– Комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

При предложување на тимовите се очекува јасно дефинирање на нивните улоги при подготовка на истражувањето и документите за јавна политика, како и нивно презентирање во јавноста. Поттикнуваме формирање на тимови од различни организации.

Етички напомени 

Истражувачите се обврзуваат коректно да ги наведуваат изворите на податоците во истражувањето. Во случаи на плагијаризам, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе ги раскине склучените договори и ќе бара поврат на средствата уплатени за истражувањето.

Спроведување на активностите

За спроведување на активностите од овој повик се предвидени надоместоци во вкупен износ од 9.300,00 британски фунти во денарска противвредност по среден курс на фунтата за месецот во кој се врши плаќањето. Исплаќањето ќе се врши во квартални периоди, од кои последниот е по завршувањето на финалната анализа. Останатите активности поврзани со спроведувањето на анализата (патни трошоци за интервјуа, фокус групи итн.) ќе бидат надоместени од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Финалната анализа треба да биде изготвена до 30.06.2017 година.

Предлог временска рамка на активностите во проектот:

18 ноември 2016 година: Избор на кандидатите и потпишување на договорите

Декември 2016 – февруари 2017 година: Спроведување интрвјуа со интелектуална попреченост, граѓански организации кои работат со лица со интелектуална попреченост и државни институции.

Јануари 2017 – февруари 2017: Спроведување на 4 фокус групи

Март 2017 – 30 јуни 2017: Изработка на анализата и доставување на финалниот производ до МХК

Јули 2017 година: Учество на конференции/јавни дебати за презентирање на истражувањето.

Хелсиншкиот комитет со истражувачите/организациите ќе потпише договор во кој ќе бидат дефинирани меѓусебните права и обврски. Исплатата на надоместоците ќе се врши директно на ангажираните лица.

Начин на пријавување и избор

За пријавување за учество тимовите треба да достават:

-професионална биографија со вклучени референци за претходни истражувања на сите членови на тимот со јасно дефинирани улоги согласно точка 4 од овој повик

-предлог на методологија за спроведување на истражувањето и подготовка на документите за јавни политики

-предлог на акционен план

-предлог за изменета временска рамка за спроведување на истражувањето која нема да го надминува крајниот рок за поднесување на конечниот извештај.

Документите за пријавување ве молиме да ги доставите на е-маил адресата helkom@mhc.org.mk најдоцна до 16 ноември 2016 година. За дополнителни прашања Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената меил адреса и е-маил адресата neda.calovska@mhc.org.mk, како и телефонските броеви +389 2/3119-073 и +389 77 699 411. Изборот на авторите ќе се врши врз основа на искуството, понудената методологија и акционен план од страна на кандидатите.

Препорачуваме

Партнери на Правдико