Повик за пријавување во листа на дежурни адвокати и листа на бранители по службена должност
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Адвокатската комора на Република Македонија, во согласност со член 161 став 1 од Законот за кривична постапка, има обврска да состави Листа на дежурни адвокати, заради остварување право на адвокат на задржаните лица во период од 20,00 часот навечер до 08,00 часот наутро. Адвокатската комора на Република Македонија листата ќе ја достави до надлежните институции.
Воедно Адвокатската комора на Република Македонија ќе изготви и листа на адвокати кои ќе бидат поставувани за бранители по службена должност во случаите предвидени со Законот за кривична постапка.
Заради составување на листите, Адвокатската комора на Република Македонија ги повикува сите адвокати кои се заинтересирани да бидат запишани во:
– Листата на дежурни адвокати ,
– Листата на бранители по службена должност,
да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на маил: lawyermk@mba.org.mk во најитен рок.
Напоменуваме дека листите ќе се изготвуваат одново и во иднина ќе се применуваат само листите кои Адвокатската комора на РМ ќе ги изготви по овој повик. Во Листите на дежурни адвокати и бранители по службена должност, ќе бидат запишани оние адвокати кои ја имаат исполнето обврската за подмирување на членарината кон Адвокатската комора на Република Македонија.
Адвокатска комора на РМ