Правдико

   

Повик за пријавување на предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со цел да се дополни листата на можни предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители се објавува јавен повик согласно измените на Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“, бр. 20/15, 192/15, 231/15, 163/18).

Ги повикуваме сите заинтересирани кои не се на постојната листа на предавачи, а  ги исполнуваат објективните услови предвидени во Законот да се пријават по овој  јавен  повик.

Согласно член 44 став 1  од  Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“, бр. 20/15, 192/15, 231/15, 163/18)  предавачи на Академијата се домашни и странски судии и јавни обвинители, адвокати, нотари, медијатори, извршители, раководни административни службеници и универзитетски  професори, кои се ангажираат во програмите за почетна и програмите за континуирана обука на Академијата. Исто така  можат да бидат и лица кои имаат завршена обука за тренинг на предавачи организиран од Академијата.

Соглано Законските услови кои треба да ги исполнуваат заинтересираните, наведени  во член 44 став 1  по повикот за предавачи на Академијата потребно е да приложат:

– Биографија од која може да се потврди дека имаат најмалку 8 (осум) години  работно искуство во областа за која се пријавуваат за предавачи;

– Потврда дека со  правосилна пресуда  не се осудени за кривично дело на безусловна казна затвор од шест месеци;

– Потврда дека со  правосилна пресуда  не им е  изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност за кривично дело или прекршок поврзани со злоупотреба на судиската или јавнообвинителската фуккција;

Заинтересираните за можни предавачи на Академијата, пополнетиот образец  (пријава) за предавач на Академијата заедно со кратко CV (биографија) и погоренаведените потврди потребно е да ги достават најдоцна до 29.02 2020 година на следната адреса Бул. „Јане Сандански“ бр. 12, Скопје, по пошта или е-маил info@jpacademy.gov.mk, а за сите дополнителни информации, контактирајте нé на тел.  02/2401-577 и 02/2401-578.

Образецот на пријава за предавачи на Академијата можете да го преземете со еден клик на следниот линк: Пријава за предавач

Партнери на Правдико