Повик за пријавување набљудувачи за локалните избори
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во функција на спроведување фер и слободни избори, граѓанската асоцијација „Мост“ за набљудување на изборниот процес и денот на гласањето ќе ангажира околу 2.000 набљудувачи на целата територија на Република Македонија.
За таа цел, „Мост“ ги повикува граѓаните лично да се пријават во 18 регионални канцеларии, низ целата држава. Регионалните канцеларии на „Мост“ за граѓаните ќе бидат отворени од 10 до 17.30 часот. За пријавените граѓани ќе биде организирана специјална обука, а потоа ќе бидат распоредени на гласачките места како набљудувачи.
Набљудувач во мисијата на граѓанската асоцијација „Мост“ може да биде секој граѓанин со право на глас, кој е подготвен непартиски, непристрасно и објективно да го набљудува процесот и да известува за наодите. При селектирањето на набљудувачите предност ќе имаат оние кои веќе биле ангажирани како набљудувачи на „Мост“ на претходните изборни процеси.
Извор: Макфакс