Повик за теоретска и практична обука на професионални набљудувачи | Правдико

Правдико

   

Повик за теоретска и практична обука на професионални набљудувачи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Коалицијата на граѓански организации „Сите за правично судење“ во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а во рамките на проектот “Law is written, justice is practiced” организира теоретска и практична обука која има за цел да им овозможи на магистрираните студенти по право и студентите по право кои се запишани во последна година на пост-дипломски студии, поголеми познавања од областа на примената на стандардите за фер и правично судење, со особен осврт на примената на Законот за кривична постапка.

Теоретскиот дел од обуката ќе биде со траење од 3 дена, а ќе се одржи:

  • Од 4-6 мај во хотел Милениум, Битола за пријавените учесници од западниот и јужниот дел од Македонија
  • Од 11-13 мај во хотел Манастир, Берово за пријавените учесници од северниот и источниот дел на Македонија

По завршувањето на теоретската обука, за потребите на практичната обука учесниците ќе бидат распределени како професионални набљудувачи на судските постапки соодветно на местото на живеење или престојување на учесниците. Практичната обука ќе биде во траење од 2 месеци, за кој период учесниците ќе бидат ангажирани како професионални набљудувачи на Коалицијата и ќе имаат прилика да мониторираат 10 одржани главни расправи, како би можеле да се запознаат со практичната примена на Законот за кривична постапка.

По завршување на практичниот дел од обуката учесниците ќе добијат сертификат од официјални претставници на Мисијата на ОБСЕ за завршена обука и стекнато практично искуство.

Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 30.04.2017 преку испраќање на CV наobse@all4fairtrials.org.mk.

Бројот на учесници на обуката е ограничен на 50, а при изборот на истите ќе се земе предвид и географската, етничка и родова застапеност на кандидатите. Трошоците за храна и превоз, како и сместувањето за кандидатите кои доаѓаат од други места ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико