Правдико

   

Повик за учесници: Школа за анти-авторитарни студии (Скопје)

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Школата за анти-авторитарни студии Стив Наумов претставува образовна програма за млади лица кои ќе имаат шанса на осум сесиии да научат нешто повеќе за политика, идеологија, различни видови на авторитаризам, економските последици на авторитарните режими, како и нивната алтернатива, отворено општество и слободен пазар.

Рокот за аплицирање е до 23 ОКТОМВРИ а известување по апликацијата ќе добиете до 25 октомври.

Првата сесија започнува на 30 октомври во просториите на Факултет за бизнис економија, Скопје од 19:00 до 20:00 часот. Првото предавање ќе го одржи проф. д-р. Ненад Марковиќ од Правен факултет Јустинијан Први, Скопје.

Учесниците  добиваат можност за дополнително меѓународно вмрежување и вклучување во објективистички и либертаријански студентски движења.

За оние кои ќе ги посетуваат предавањата и ќе учествуваат во работилниците е превиден сертификат за успешно завршување на школата.

Доколку сакате да се пријавите пополнете ја формата на следниот ЛИНК

Партнери на Правдико