Правдико

   

Повик за учесници – Школа за анти-авторитарни студии Стив Наумов

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Школа за анти-авторитарни студии – Стив Наумов е семестрална школа која ќе се одвива во Битола, во просториите на Правниот факултет, во периодот помеѓу средината на април и крајот на јуни. Предвидено е школата да опфаќа 9 сесии, секоја во изведба на универзитетски професори и активисти за слобода. Покрај регуларните предавања, школата опфаќа и читачки клуб, гледање на филм и изработка на студија на случај, во која ќе се обработи конкретен авторитарен режим.

Пријавете се до 12 април на следниот линк: https://bit.ly/2TIT0HE

Нашата мисија е да ја издигнеме политичката свест и знаење кај младите за авторитарните режими, да поттикнеме интелектуална борба против секој модел на авторитарен режим, и секако да ја промовираме идејата за индивидуална слобода и слободно општество.

Знаењето кое оваа школа го нуди е поделено во 4 групи, и тоа идеологија и политика, тоталитаризам, современ авторитаризам и либертаријанизам.

За успешно завршување на школата следува сертификат од организаторите и партнерите.

Организатор на оваа школа е Либертаниа – Центар за современа политика (Libertania – Center for Contemporary Politics), а партнери се организациите Атлас нетворк (Atlas Network), Европски студенти за слобода (European Students for Liberty), Правниот факултет во Битола (Faculty of Law in Bitola), и Научното списание за слобода и меѓународни прашања (Journal of Liberty and International Affairs).

Партнери на Правдико