Повик за учество во првата генерација на школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА | Правдико

Правдико

   

Повик за учество во првата генерација на школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Центарот за европски развој и интеграција објавува повик за учество во првата генерација на школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА.

Screenshot_6

Повикот е отворен за сите кандидати на возраст од 18 до 26 години од подрачјето на Општина Битола. Школата ќе се реализира во периодот од 10.11.2014 – 15.04.2015 и ќе се состои од теоретски и практичен дел, кои ќе се реализираат еднаш неделно во траење од два часа. Преку учеството во школата учесниците ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења во областите на:

– Процес на креирање и имплементација на јавните политики на локално и регионално ниво

– Европска Унија – институции и политики и нивното влијание врз политичкиот систем на Р.Македонија

– Процес на интеграција на Р.Македонија во ЕУ и можностите што тој ги отвара за локален и регионален развој

– Предизвиците за човековите права во 21-от век

– Основи на персонален и деловен стратегиски менаџмент

– Маркетинг и интернет маркетинг

– Управување со граѓански организации

Преку практичниот дел на школата учесниците ќе имаат можност да ги усовршат своите вештини за:

– јавно презентирање и говорење

– застапување и лобирање

– проектно планирање

– користење на бази на податоци од јавен карактер

Во школата ќе може да земат учество 30 кандидати, а предавањата ќе бидат реализирани од  истакнати академски работници и експерти од општествениот и реалниот сектор.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на адресата cedi.mk@gmail.com со назнака – АПЛИКАЦИЈА ЗА ПОЛИТЕА – најдоцна до 05.11.2014.

По завршувањето на рокот за пријавување селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Центарот за европски развој и интеграција и партнерите вклучени во проектот ги сносат сите финансиски трошоци поврзани со реализацијата на школата. После завршувањето на школата учесниците
ќе се стекнат со сертификати за учество.

–ПРАВДИКО–

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико